дома Балкан Грција воведува задолжителна вakцинација за лекарскиот персонал, но и оние кои сакаат...

Грција воведува задолжителна вakцинација за лекарскиот персонал, но и оние кои сакаат да одат во кино и бар

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис објави дека КОВИД вакцинациите наскоро ќе станат задолжителни за сите приватни и јавни здравствени работници, со изјава само неколку часа откако францускиот претседател Емануел Макрон објави слична изјава.

„Земјата нема да се затвори повторно заради некои“, рече Мицотакис на прес-конференција посочувајќи. „Не е во опасност Грција, туку невакцинирани Грци“.

Покрај задолжителната вакцина на здравствениот работник, Мицотакис откри дека граѓаните кои сакаат да одат на јавни места како барови или киносали, ќе мора да покажат доказ за вакцинација.

Целиот персонал на вооружените сили ќе биде вакциниран и според новите правила.

Само пред неколку месеци, во април, Мицотакис рече дека нема да принудува лекари, медицински сестри, болници и медицински персонал да земаат вакцина против нивната волја, бидејќи тоа ќе предизвика премногу напнатост, пренесува „Катимерини“.