дома Македонија Дeнecкa тpeбa дa бидaт oбjaвeни пpвитe 20 кaндидaти зa гpaдoнaчaлници oд СДСМ

Дeнecкa тpeбa дa бидaт oбjaвeни пpвитe 20 кaндидaти зa гpaдoнaчaлници oд СДСМ

Денеска треба да бидат познати првите 20 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

Ваква најава посочи генералниот секретар Љупчо Николовски на брифинг со медиумите пред две недели.

Николовски тогаш порача дека партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува да финишираат постапките во општинските организации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.

Според него, досега има 562 кандидата за градоначалници и 4.530 кандидати за советници, а самиот број покажува дека овој голем интерес е поради тоа што СДСМ е фаворит на изборите.