дома Македонија Грција конечно донесе одлука за тоа дали ќе ја отвара границата со...

Грција конечно донесе одлука за тоа дали ќе ја отвара границата со Македонија

Грција донесе одлука границите да останат затворени за граѓани oд трети земји, пишува „Новости“.

И по 1 октомври, Грција нема да биде отворена за нашите граѓани. Тоа значи дека е продолжена забраната за влез во Грција на државјани од трети земји, во кои спаѓа и нашата земјa.

Поради неповолната епидемиолошка состојба во земјата, грчките власти забранија влез на наши граѓани на почетокот на јули, а таа одлука беше продолжувана во неколку наврати.