дома Македонија Kафе во Приштина без ПЦР тест, најави заменикот-министер за здравство

Kафе во Приштина без ПЦР тест, најави заменикот-министер за здравство

Накоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест, најави денеска преку „Фејсбук“ новиот заменик министер за здравство Илир Хасани.

Хасани официјално стапи на функцијата пред четири дена, кога ја презеде функцијата од досегашниот заменик-министер Арменд Арслани. Тој досега беше директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).