дома Балкан ГРЧКИ Ф-16 ПРЕСРЕТНАЛЕ ТУРСКО ЛЕТАЛО НАД РОДОС: Се заоструваат односите и помеѓу...

ГРЧКИ Ф-16 ПРЕСРЕТНАЛЕ ТУРСКО ЛЕТАЛО НАД РОДОС: Се заоструваат односите и помеѓу Турција и Грција

Грчките воздушни сили пресретнале турски воен дрон кој го нарушил грчкиот воздушен простор на југоистокот на Егејското море, над островот Родос

Турското беспилотно летало „анка“ два пати во четвртокот влегло во грчкиот воздушен простор, пренесува весникот „Катимерини“.

Дронот бил пресретнат од грчки борбен авион Ф-16, кој полетал од воздушната база Кастел на Крит.

Турската морнарица почнала да користи беспилотни летала „Анка“ пред две недели.