дома Македонија Гapванлиев се пoжaли: Teшко е да си гej во Македонија

Гapванлиев се пoжaли: Teшко е да си гej во Македонија

Во интервју за британскиот магазин „Attitude“ македонскиот претставник на „Евровизија“ Васил Гарванлиев вели дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека му е тешко да се зборува на таа тема.

Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј или било што од тоа, вели тој.

Според Гарванлиев, мнозинството од модерните ЛГБТИ сцени во земјата остануваат скриени или тајни.

Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малтретирање, изјавил Гарванлиев за „Attitude“.

Целото интервју тука