дома КОВИД-19 (Коронавирус) Kopoнaтa кocи вo Индија: 12-ти дeн пo peд, пoвeќe oд 300.000 нoвoзapaзeни

Kopoнaтa кocи вo Индија: 12-ти дeн пo peд, пoвeќe oд 300.000 нoвoзapaзeни

Во последните 24 часа, во Индија се потврдени 368.147 нови случаи на Ковид-19, и ова е 12-ти ден по ред како бројот на новозаразени не се спушта под 300.000.

Од почетокот на пандемијата во Индија се регистрирани вкупно 19,93 милиони случаи на зараза со коронавирусот.

Со вчерашните 3.417 починати, вкупниот број на смртни случаи достигна 218.959, стои во извештај на индиското Министерство за здравство.