дома Македонија Дали пykната гума е причината за нecpеќата?

Дали пykната гума е причината за нecpеќата?

Парче автобуска гума е пронајдено неколку метри пред местото каде што излетал македонскиот автобус, при што загинале 45 лица, меѓу кои 12 деца, пренесуваат бугарските медиуми.

Според нивните анализи, yпатува на сомнеж дека причина за несреќата би можело да биде пукната гума. Сепак, како што пишуваат локалните медиуми, ќе биде тешко да се докаже дали тоа парче со сигурност е од македонскиот автобус бидејќи сите негови гуми се потполно изгорени.

Медиумите во Бугарија соопштија дека на местото на несреќата е сопственикот на агенцијата „Беса Транс“.

Инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ на автопатот Струма кај перникското село Бошнек.