дома КОВИД-19 (Коронавирус) Четири пациенти починаа во Штипскиот ковид центар за едно деноноќие…

Четири пациенти починаа во Штипскиот ковид центар за едно деноноќие…

Четворица пациенти починаа за едно деноноќие во штипскиот ковид центар.

Портпаролот на Клиничка болница – Штип Марина Шуманска за МИА вели дека тројца пациенти се од Штип на возраст од 78 и 86 години, а еден пациент на возраст од 75 години е од Берово. Тројца од пациентите не биле вакцинирани, а еден бил имунизиран. Шуманска посочи дека од починатите тројца се мажи и една жена.

Во Инфективното одделение се хоспитализирани 48, а во Кожното одделение се двајца пациенти. На постојана кислородна поддршка се 29 лица, а во дневната амбулатна прегледани се 59 пациенти од Штип и целиот источен регион. Слободни места во штипскиот Ковид центар има за 20 пациенти.

Во рок од два дена починаа шест лица, од кои петмина се од Штип, а еден од Берово. Сите се на возраст од 70 до 90 години.