дома КОВИД-19 (Коронавирус) Даниловски: Маски ќе носиме до август

Даниловски: Маски ќе носиме до август

Иако бројките на нови позитивни случаи во Македонија се значително опаднати во последниот месец, сепак, маските ќе се носат уште месец дена.

Ова го предвидува епидемиологот Драган Даниловски на денешната трибина во врска со состојбата на болеста во нашата земја.

„Во затворен простор ќе продолжиме да носиме маски. Мислам дека тоа нема да е потребно во моментот кога нема да имаме ниту еден случај дневно. Според состојбата со болеста, тоа ќе се случи во август“, истакна Даниловски.