дома Политика Мицкоски: Со Генералниот секретар на ЕПП разговаравме за поддршка за локалните избори...

Мицкоски: Со Генералниот секретар на ЕПП разговаравме за поддршка за локалните избори за Скопје, да ни гo пренесат знаењето од изборите во Мадрид каде победија

Остварив успешна средба со Генералниот секретар на Европската Народна Партија, Антонио Лопез-Истуриз и пратеник во Европскиот парламент.

Лопез-Истуриз е помеѓу најблиските соработници на претседателот на Шпанската сестринска народна партија (Partido Popular) Пабло Касадо.

Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на престојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје!

Ја имаме поддршката и знаењето. Со целото срце и сила за победа над застојот, стагнациите, блокадите.