Две и полгодишниот Рапи Ананда Памунгкас од Индонезија е зависен од никотин, а цигарите му ги купува неговата мајка.
Токму поради овие напади на бес, мајка му мора да му купува по две кутии цигари секој ден.
– Ако му не дадам цигара, тој полудува. Без нив не може да заспие. Плаче и беснее, се жали таа.
Според локалните медиуми, малиот пушач и неговите родители се уште не посетиле лекар за да се консултираат како детето да се одвикне од никотинот.