дома Временска Прогноза ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА ЌЕ БЕСНЕЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Не чека и температурен шок

ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА ЌЕ БЕСНЕЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Не чека и температурен шок

До крајот на овој ден (четврток) нашата територија и тоа особено западниот и југозападниот дел од истата особено ќе бидат под влијание на Глорија која ќе услови променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално врнежите ќе бидат и нешто поинтензивни и локално можно е да наврнат околу па и нешто над 20 л/м2 воден талог за релативно кратко време.

Не се исклучува можност а и за ретка појава на град а во зоната на нестабилноста ќе има и засилување на ветерот.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени допдека на запад и југозапад ќе биде особено посвежо каде температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 25 степени.

Од утре (петок) повторно температурите на воздухот ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.