дома Македонија Дебар како предградие во Албанија, а не град во Македонија: Ниту едно...

Дебар како предградие во Албанија, а не град во Македонија: Ниту едно албанско знаме на улиците на Дебар по повод денот на албанската азбука

Во Дебар денес нема ниту едно македонско знаме. Градот го слави Денот на албанската азбука, па локалните власти ги развеаја албанските знамиња.

Во центарот на Дебар на канделабрите, бандерите и дрвата се закачени знамиња на Албанија, па градот изгледа како да е во сесема друга држава, а тоа да не е Македонија.

Во април годинав, скандалозна изјава за локалната телевизија Арт даде градоначалникот на Дебар, Ружди Лата. Тој смета дека крвта и душата на Албанците се во Тирана, тој смета дека Дебар станува населба на Тирана.

-Единствена надеж за иднината на Дебар е патот на Арбер, ама не заборавајте кога ќе се изгади патот на Арбер, ние ќе заборавиме на другите, крвта и душата ни се во Тирана. Ние имаме во Тирана многу луѓе, само еден податок ќе ви спомнам, во Тирана има 150 доктори на науки само од Дебар и Дебар полека станува населба на Тирана. Нашиот сон верувам полека се реализира и од причина што на инстиктивен начин, кога управуваме едно возило секогаш раката оди десно, накај Тирана накај Албанија, тоа ни е носталгија што ја имаме во душата, во чувствата, во убедувањата свеста итн, изјави Лата.