дома Македонија Едно обвинет доби условна казна, откако признал дека бришел податоци во случајот...

Едно обвинет доби условна казна, откако признал дека бришел податоци во случајот „Таргет-Тврдина“

Обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ призна дека бришел податоци од системот за прислушување по што е раздвоена кривичната постапка. Откако ја признал вината, на 17 ноември била донесена пресуда со што лицето е условно казнето.

-Ја известуваме јавноста дека во предметот „Таргет – Тврдина“ е раздвоена кривичната постапка за едно лице, за кое, врз основа на признание на вина, на ден 17. 11. 2017 година, е донесена пресуда. На обвинетото лице му е изречена алтернативна мерка – условна осуда за кривичното дело Помагање на сторител во извршено кривично дело, стои во соопштението на СЈО.

Предлогот за раздвојување беше истакнат од страна на ова Јавно обвинителство, при што се имаше предвид интересот на обвинетото лице за побрзо завршување на постапката, како и економичноста и целисходноста на постапката.

Не се знае точно за кое лице станува збор. Лицето е обвинето за бришење логови од системите за прислушување.
Ова го утврдил експертот што го побара СЈО од Ериксон.