дома Временска Прогноза Денес многу студено за време на утрото, температурите до -13 степени

Денес многу студено за време на утрото, температурите до -13 степени

Наутро ведро и многу студено, преку денот сончево со слаб северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -13 до -4, додека дневните од 0 до максимални 8 степени. Во Скопје утринска температура од -8, а дневна до четири степени.

Утре наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат пониски од денеска.

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, претежно во западните делови. Од недела попладне ќе има повремени врнежи од дожд.