дома Свет САД „удиpa“ по руската економија

САД „удиpa“ по руската економија

Официјални лица од САД размислуваат за мерки за контрола на извозот за да и наштетат на руската економија доколку Москва ја нападне Украина, откри во вторникот ексклузивот на Ројтерс.

Иако Русија негираше какви било планови за инвазија, претседателот Бајден се закани со дополнителни економски санкции против Москва за да спречи евентуален воен упад, додека и продава воена опрема на Украина.

Мерките за кои се разговара ќе бидат како дополнување на економските санкции и би можеле да ја запрат способноста на Русија да увезува некои телефони, клучни авионски и автомобилски компоненти, што ќе му наштети на производниот сектор во земјата.