дома Македонија Детали од првиот изборен ден

Детали од првиот изборен ден

Со гласањето на болните, позитивните и изолираните поради ковид 19, заврши првиот изборен ден. Последните информации на ДИК говорат дека се пријавиле 759, а гласале 723 лица.

Во текот на денот, бројката варираше бидејќи дел од приговорите биле уважени, а општинските комисии имале и дополнителни гласачи пријавени преку апликација.

Државната комисија смета дека и покрај исклучително тешките услови, гласањето беше целосно безбедно, а ветува дека така ќе биде и утре и задутре.

Од ДИК и потсетување: резултатите од гласањето ќе се знаат дури во среда вечер, кога овие ливчиња ќе бидат изброени заедно со останатите.