дома Балкан По зголемувањето на бројот на зaболени, откажан фестивалот Егзит

По зголемувањето на бројот на зaболени, откажан фестивалот Егзит

На официјалната фејсбук страница на фестивалот Егзит објавено е дека оваа година ова случување нема да се одржи.

Како што после нашето последно обраќање здравствената состојба во нашата земја за жал не се подобри, а имајќи во предвид дека здравјето и безбедноста на сите учесници на фестивалот ни се на прво место, ве известуваме дека одбележувањето на 20 години Егзит фестивал дефинитивно нема да се одржи од 13 до 16 август оваа година на Петроварадинската тврдина, пишуваат организаторите.