дома Македонија ДРУГИ ПОВИКУВААТ НА ВОЈНА, ТОА Е МОЕ ЧУВСТВО И СТРАВУВАЊЕ: Владо Јовановски...

ДРУГИ ПОВИКУВААТ НА ВОЈНА, ТОА Е МОЕ ЧУВСТВО И СТРАВУВАЊЕ: Владо Јовановски до душегрижниците!

Јас не повикувам на војна, други повикуваат, тоа е мое чувство и мое стравување и воедно апел до јавноста ако може да се вразумиме од овде каде што сме доведени, рече на гостувањето на Телевизија 24, актерот Владо Јовановски.

-Уметници има многу професори на академијата, како што е и Петар Арсовски со кои не сме пријатели ниту на Фејсбук ниту во приватен живот, иако јас сум се обидел. Потсетете ме зошто пишуваше за бомби, уценувања мислејќи на ДУИ, велејќи да им пуштиме еден непристоен предлог, едно бомбиче. Зарем тоа не е повикување на војна, вели Јовановски.

Каде е разликата на тежината на тој и мојот пост, јас не заговарам, додава тој. Јас само стравувам.

-Сите слушнавме како на Топ Ченел, Заев вели дека СДСМ ги прифатил сите услови од албанската платформа. Јас само изразувам загриженост дека ситуацијата до која сме доведени е дека други повикуваат на војна, вели Јовановски.

Инаку актерот за време на дебатата е постојано прекинуван како од водителот така и од учесниците, во неможност да ја заврши мислата и да се изјасне до крај.