дома Македонија ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Глобален Самит на жени лидери 2017

ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Глобален Самит на жени лидери 2017

Над 300 жени лидери од пет континенти ќе учествуваат на  2017 GLOBAL WOMEN LEADERS SUMMIT, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), во соработка со Асоцијација на бизнис жени во Република Македонија како и Светската бизнис организација Македонија. Глобалениот самит на жени лидери  „2017 Global Women Leaders’ Summit“, ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Хотел Мериот Скопје.

На церемонијата на свечено отворање ќе се обратат првата дама Маја Иванова, постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на Програмата за развој на ОН Луиза Винтон, шефицата на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина СоумалаиненВикторија Хорват од унгарското МНР, хрватската европратеничка Маријана Петир и Даниела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори.

На 2017 Global Women Leaders’ Summit, ќе учествуваат еминентни жени од повеќе области, политика, дипломатски кор, корпоративна елита, кои со својата работа и искуство придонеле кон афирмирање на одредена област.

Целта на Самитот е остварување на меѓународен дијалог, кој води кон унапредување на женското лидерство, детектирање на предизвиците со кои се соочуваат жените на роководните функции на патот кон успехот, креирање на стратешки политики за развој, како и механизми кои позитивно ќе влијаат на економијата.

На Самитот  ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија,  во насока на размена на искуства, креирање јавни политики и хармонизација со глобалните трендови.