дома КОВИД-19 (Коронавирус) Д-р Беќаровски: Heмa пoтpeбa зa пaниka oд нoвиoт myтиpaн виpyc

Д-р Беќаровски: Heмa пoтpeбa зa пaниka oд нoвиoт myтиpaн виpyc

Настана и психоза и паника со новиот вирус, но нема потреба толку трагично да се разбираат работите. Секој вирус си има развојни етапи. Целта на вирусот е да зарази што повеќе луѓе, кажа  проф. д-р Нико Беќаровски, од Клиника за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.

„Се смета дека околу 4.000 мутации веќе се случиле, а некои се посилни од оригиналниот вирус. Оваа мутација се појавила најверојатно во август-септември. Во Лондон постепено овој вирус се пренесувал од еден на друг и го истиснувал претходниот вирус. Досега проценките беа дека 1 човек заразува максимум до 1.5 луѓе околу него. Колку поголема количина исфрлена аеросоли од организмот, толку поголема опасност од зараза“ – вели д-р Беќаровски.