дома Македонија Ќе ocтaнeмe бeз eзepa..: Boдocтoјoт нa Преспанското Езеро e нaмaлeн

Ќе ocтaнeмe бeз eзepa..: Boдocтoјoт нa Преспанското Езеро e нaмaлeн

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостојот на Преспанското и Охридското Езеро е понизок од просечниот за овој период од годинава и тоа за 1,5 метри кај Преспанското и за 23 сантиметри кај Охридското, додека кај Дојранското Езеро е за 2,62 метра повисок од повеќегодишниот просек за декември.

Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава и кај најголем дел од нив има благо намалување на нивото во однос на вчерашното.