дома Македонија Еве кои гpaѓани ќе се вakцинираат први пpoтив Koвид 19

Еве кои гpaѓани ќе се вakцинираат први пpoтив Koвид 19

Приоритет во вакцинирањето против Ковид-19 ќе имаат сите здравствени работници од ковид центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Како што наведе тој, во првите редови за вакцинирање ќе бидат распоредени во групи.

„Граѓаните над 65 години и пациентите со хронични болести, во делот на хронични белодробни и кардио-васкуларни болести, понатаму вработените во критичната инфраструктура и секако во транспортот“, рече Филипче.
Министерот додаде дека планот, според медицинските експерти, е 60-70 проценти од популацијата да ја прими вакцината, што би било доволен процент за стекнување имунитет.