дома Македонија Земјоделците понижени: Кило тутун за литро зејтин

Земјоделците понижени: Кило тутун за литро зејтин

Триесетина тутунопроизводители од струмичко Градашорци утрово се собраа за да го искажат својот револт од досегашните ниски откупни цени по кои го продаваат тутунот, како и поради неотворените откупни пунктови. Велат дека единствен извор на егзистенција им е тутунот, а сега треба да го продаваат за, како што рекоа, шише масло за јадење.

Бараат надлежните итно да најдат решение. Во спротивно се заканија дека протестите ќе ескалираат со блокади на патиштата и откупните пунктови.

Вчера и заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски рече дека од почетокот на откупот има неочекувано ниски цени по кои се продава. Затоа денес во министерството заедно со министерот Хоџа одржуваат состанок со тутунопроизводителите и со откупувачите.

Годинашниот род на тутунот се проценува на околу 23.000 тони.