За нов претседател на Основниот суд во Скопје, денес, од страна на судскиот совет беше избран Иван Џолев во конкуренција на неколку звучни имиња во судството меѓу кои и Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Оља Ристова, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова
Набрзо потоа, Џолев преку социјалните мрежи ја доби и првата нарачка од жестокиот активист на „шарената револуција“, кој му порача дека сега била шансата новиот претседател да се докажел и да ја исправел „неправдата“ против него.
Хаџибулиќ е познат припадник на скопското криминално подземје и е осудуван за насилство и наркотични деликти, а по него беше распишана и потерница за помагање во убистото на Мирсад Криешторац кај Универзалната сала во Скопје во 2010 година.