дома Локално ПРЕДИЗБОРНИОТ АСФАЛТ СИ ОТИДЕ: Асфалтот поставен во Арачиново пред изборите, го снема

ПРЕДИЗБОРНИОТ АСФАЛТ СИ ОТИДЕ: Асфалтот поставен во Арачиново пред изборите, го снема

Асфалтот кој беше ставен непосредно пред изборите на неколкуте улици низ Арачиново ,,исчезна”.

Селаните се жалат на ова бидејќи доволно долго чекаа за да го видат асфалтираниот пат, кој непосредно пред изборите беше пуштен, но како што може да се види од фотографиите, истиот после два месеца беше целосно уништен.

Асфалтирањето го изврши компанијата „Ју-Бај“, а истата ја ангажираше општината Арачиново.