дома Русија ЕГИПЕТ И РУСИЈА ВОЕНО ЌЕ СОРАБОТУВААТ: Руските воздушно-десантни сили ќе го „преплават“...

ЕГИПЕТ И РУСИЈА ВОЕНО ЌЕ СОРАБОТУВААТ: Руските воздушно-десантни сили ќе го „преплават“ Египетското небо!

Руските воздушно-десатни сили во текот на 2018. година ќе одржат заеднички воени вежби со Египет, изјави командантот на оперативната команда на Организацијата за колективна безбедност (ОДКВ) Алексеј Згибњев

Како што изјави, договорот е постигнат на барање на египетските власти, со самото тоа вежбите ќе бидат одржани на територија на Египет.

Во текот на 2017. година заеднички воени вежби Русија и Египт одржаа на територија на Руската Федерација и тоа во Краснодарската област. За време на вежбите воздушно-десантните сили реализираа бројни маневри, а помеѓу останатото вежбани се и тактики за освојување и задржување на тактички висорамнини.

Згибњев потсети дека во меѓународните анти-терористички вежби „Заштитници на општеството“ прв пат се одржани во 2016. година во Александрија.