дома Балкан ТЕНЗИИ НА КОСОВО ЗА БОЖИЌ: Косовските албанци го блокирале пристапот до манастирот...

ТЕНЗИИ НА КОСОВО ЗА БОЖИЌ: Косовските албанци го блокирале пристапот до манастирот Пресвета Богородица во Ѓаковица

Група на косовски Албанци го блокирале пристапот во манастирот Пресвета Богородица во Ѓаковица, пренесуваат регионалните медиуми

Пристапот до манастирот бил блокиран, иако групата на православни верници ја откажале најавената посета поради заканите и тензичната безбедносна ситуација.

„Четири старици монахињи остнаа од утрината заклучени во Манастирот и литургијата ниту е служена, ниту пак било кој можеше да влезе во манастирот. Дури не можеа да купат и леб кој на крајот им го донесе полицијата. Наводните мирни протести се само продолжеток на етничкото чистење на Србите кое следеше по 1999, уништување на српските цркви и куќи“, изјави архимандритот Сава Јаниќ.

Тој на својот Фејсбук профил напишал дека Манастирот Пресвета Богородица до темел бил запален во 2004. година, а дека православните гробишта до ден денес претставуваат „тажна слика на современото варварство и омраза“.

Тензиите во Косово ескалираат пред секој православен Христијански празник, поради нетрпението на локалното албанско население.