дома Свет Еpyптиpa вyлкaнoт Мерапи: Лaвa, пeпeл и гacoви пaтyвaлe 2.000 мeтpи

Еpyптиpa вyлкaнoт Мерапи: Лaвa, пeпeл и гacoви пaтyвaлe 2.000 мeтpи

Вулканот на планината Мерапи, на индонезискиот остров Јава, еруптираше рано утринава, исфрлајќи облаци чад, соопшти Националната геолошка агенција, пренесе ДПА.

Според агенцијата, микс од жешка лава, пепел и гасови, попознати како пирокластични текови, патувале до 2.000 метри на југозападната падина на вулканот.

Нивото на тревога на вулканот остана на второто, највисоко ниво, што беше прогласено од почетокот на повремените ерупции во ноември минатата година.

ДПА пренесува дека при последната смртоносна ерупција во 2010 година, повеќе од 340 лица загинаа, а 60.000 други беа раселени.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област позната по сеизмички потреси и со околу 128 активни вулкани.