дома Македонија (Фото) Мицкоски се cкapa со Филипче за мepките

(Фото) Мицкоски се cкapa со Филипче за мepките

Откако министерот за здравство го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во пост на Фејсбук Христијан Мицкоски одговара со текст со наслов ШОКАНТНО.

“Министер во Владата на СДСМ/ДУИ се стави над Уставот, ме укори и како Луј 14 рече: државата тоа сум јас…, пардон, тоа сме ние, мислејќи на СДСМ и некои други завршени апсолутистички времиња.

СРАМНО ⬇️
Хоби како планинарењето го поистовети со уставно загарантираното право на секој граѓанин, а тоа е правото на живот и правото на избор.

Мој став ⬇️
Лично сум, и ги охрабрувам граѓаните да се вакцинираат, но истовремено, бидејќи сум легалист го почитувам уставното право на секој граѓанин да избере дали ќе се вакцинира или нема да се вакцинира. Силно ги осудувам најновите квази мерки на Министерот и Владата со кои во овие сложени здравствени, политички и економски моменти се делат граѓаните. Доколку наместо по провизии и сомнителни посредници, трговци со јужно овошје од Хонг Конг навреме набавевте вакцини со висок квалитет и степен на успешност, денес немаше да бидеме повторно на врвот на листата на држави со најголема прогресија на вирусот. Жалам што ќе мора уште кратко да трае оваа агонија за граѓаните со Вас како Влада, а уште повеќе жалам што како доктор здравјето на граѓаните го споредивте со хоби како што е планинарењето”, напиша Мицкоски откако Филипче го прозва на социјалните мрежи.

“Јавното здравје и колективната заштита се приоритет, а мерките кои се донесени се исклучиво во таа насока. Тие не го „делат народот“ како што изненадувачки изјави лидерот на опозицијата, туку се нужни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем. Овие мерки се применуваат во многу држави и веќе даваат резултат.

Забраната за движење во шуми не го дели народот на планинари и оние кои не планинарат, тоа е заштита од пожари. Условот за запишување во училишта на децата со примена вакцина не е поделба на децата туку нивна заштита од болести и епидемии. Ничие лично право не е над правото на колективна заштита на здравјето на граѓаните.

Барам максимална одговорност од сите, Делта сојот брзо се шири. Податоците и трендовите кои ги имаме се многу сериозни. Апелирам на доследно почитување на постоечките мерки за заштита и масовна вакцинација”, порача Филипче откако Мицкоски го обвини дека со мерките за (не)вакцинираните граѓани го дели народот.