дома Локално ЖИЧНИЦАТА ОД КОЗЛЕ ДО СРЕДНО ВОДНО ПОД ЛУПА:Ќе се испитува потребата од...

ЖИЧНИЦАТА ОД КОЗЛЕ ДО СРЕДНО ВОДНО ПОД ЛУПА:Ќе се испитува потребата од жичница од Козле до Средно Водно

Град Скопје и две министерства треба да донесат соодветна одлука за целисходноста на овој проект.

Владата го разгледа новиот текст на Информацијата за изградба на жичница од Козле до Средно Водно, за период од 1 јули до 31 декември 2017 година.

Таа ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје да донесат соодветна одлука за целисходноста на овој проект.