дома Свет ТУРЦИЈА СО КОМАНДОСИ ВЛЕГУВА ВО АФРИН: Преку 1.200 турски командоси прераспределени во...

ТУРЦИЈА СО КОМАНДОСИ ВЛЕГУВА ВО АФРИН: Преку 1.200 турски командоси прераспределени во сириски Африн

Вкупно 1.200 турски командоси заминаа денеска од егејскиот округ Измир кон Африн во северна Сирија, соопшти турската телевизија НТВ.

Командосите, кои биле испратени од многу турски граѓани, се качија во воени авиони на воениот аеродром во реонот Чигли.

Командосите ќе учествуваат во операцијата на турската армија „Маслиново гранче”, насочена главно против Силите за заштита на народот на сириските Курди.

Турската армија на 20 јануари ја започна офанзивата „Маслиново гранче” во реонот на Африн.