дома Македонија ЗАБРАНЕТО ПРОДАВАЊЕ БИЛЕТИ НА ЗОРАН ЗАЕВ: Непожелна личност на Арената „Филип Втори“

ЗАБРАНЕТО ПРОДАВАЊЕ БИЛЕТИ НА ЗОРАН ЗАЕВ: Непожелна личност на Арената „Филип Втори“

Дел од навивачките групи со герила акција му порачаа на лидерот на СДСМ дека веќе не е пожелен и добредојден на ниту еден македонски натпревар, како и му порачаа дека ги имаат Гоце (Делчев), Јане (Сандански) и Даме (Груев), а не Џемо Хаса

Најголемата навивачка група „Комити“ е револтирана од однесувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој ја бодреше екипата на Шкендија без да му пречат знамињата и транспарентите во кој се велича „УЧК“ и „Голема Албанија“.

Тие му забранија на Заев да доаѓа на македонски натпревари и тоа јасно го истакнаа на портите на арената „Филип Втори“ која „другарите“ на Заев ја нарекуваат по водачот на „УЧК“, Адем Јашари.

Дел од навивачките групи со герила акција му порачаа на лидерот на СДСМ дека веќе не е пожелен и добредојден на ниту еден македонски натпревар, како и му порачаа дека ги имаат Гоце (Делчев), Јане (Сандански) и Даме (Груев), а не Џемо Хаса.

По натпреварот Зоран Заев гордо постави селфи по примерот во Диво Насеље и напиша дека навива за нов успех на Македонија.
Со своја порака до Заев излезе и член на битолските Чкембари кои јавно го покани Заев да присуствува на натпревар на Пелистер, порачувајќи му дека нема да си оди од Тумбе Кафе.