дома Свет ЗАВРШИ РАЗГОВОРОТ ПОМЕЃУ ТРАМП И ПУТИН: Телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери успешен...

ЗАВРШИ РАЗГОВОРОТ ПОМЕЃУ ТРАМП И ПУТИН: Телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери успешен со гаранции за подобрување на односите!

Заврши телефонскиот разговор помеѓу претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на високо поставен службеник во американската администрација. Разговорот на лидерите траел околу 45 минути

Доналд Трамп разговараше со рускиот претседател Владимир Путин по прв пат по својата инагурација. Претходно, американскиот претседател разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот на Јапонија Шинзо Абе.

Русија очекува по стапувањето на Трамп на должност, односите помеѓу Москва и Вашингтон кој според оценката на руските власти за мандатот на Обама во потполност деградирани, да се подобрат.

Шон Спајсер, секретарот за медиуми на Трамп на својот Твитер профил објави фотографија на која се гледа Трамп како седи на работната маса опкружен со членовите на неговиот кабинет и потпретседателот Мајк Пенс, додека разговара со Путин.