дома Политика НЕМА ОДЛУКА ОД ДУИ: Состанокот на кој се одлучуваше за коалиција завршен...

НЕМА ОДЛУКА ОД ДУИ: Состанокот на кој се одлучуваше за коалиција завршен – продлжува утре во 14 часот?!

Претседателството во проширен состав на ДУИ не донесе одлука вечерва за коалиција за формирање Влада. Според информациите на старт.мк, состанокот продолжува утре во 14 часот!

Засега нема официјална информација од ДУИ.

Инаку, тежок политички маратон се случуваше во Мала Речица. Раководството на  ДУИ со часови заседаваше зад затворени врати во партиското седиште. Градоначалникот Изет Меџити, сепак се вратил на состанокот јави РСЕ. Невзат Бејта, Изет Меџити и Теута Арифи го напуштија состанокот на Централното претседателство на партијата. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за телевизија Алсат изјави дека тие состанокот не го напуштиле поради тензија, туку поради замор и потребата да се одморат. Според него, дебатата е конструктивна и верува дека наскоро ќе биде донесена одлука.

ТВ 21 постави видео снимка на која се гледа дека автомобилот на Невзат Бејта вечерва стигна пред седиштето на СДСМ.

 

Бујар Османи претходно рече дека на маса, се уште се отворени сите пет опции, коалиција со ВМРО ДПМНЕ, со СДСМ или широка коалиција, или да одат во опозиција или на нови избори. Во меѓувреме од партиски извори дознаваме дека Меџити се вратил на состанокот каде се уште се дебатира дали ДУИ ќе коалицира со ВМРО ДПМНЕ.

Османи претходно посочи и дека на ДУИ не и е важна политичката судбина ниту на СДСМ, ниту на ВМРО ДПМНЕ, туку реализацијата на Платформата на Албанците и дека е не е важно одлуката која ќе биде донесена да биде навремена, туку правилна.