дома Македонија ЗАЕВ ПИШМАН АЏИЈА: Пред два дена си даде оставка од функцијата градоначалник,...

ЗАЕВ ПИШМАН АЏИЈА: Пред два дена си даде оставка од функцијата градоначалник, па се предомисли!

Лидерот на СДСМ Зоран Заев не се повлекува од функцијата градоначалник на Струмица иако претходно, пред советниците на општината говореше дека си дава оставка и дека ќе оди на друга функција, алудирајќи дека ќе биде нов премиер.

Но, како што веќе сме навикнати: Заев рекол, Заев порекол! А ние сме тие кои не сме го разбрале.

– Беше заменет заменик градоначалникот, пратеничката Катерина Кузмановска стана пратеник и таа беше заменик градоначалник од редот на советниците. Вчера само објавив дека друг ќе ја води функцијата заменик кградоначалник и реков дека ова е последна седница на советот на Општина Струмица за оваа година – одговори Заев на новинарско прашање во петокот, на прес конференцијата пред Собранието.

Одлука, дека ќе се повлече од функцијата, тој ја соопшти на седницата на на Советот на општината пред 4 дена, на која ги информираше советниците дека ова ќе му биде последна седница на која тој учествува бидејќи мандатот како градоначалник му завршува поради заминување на друга функција.

-Во следните денови настапува престанок на функцијата градоначалник порадизаминување на друга функција и согласно законот сакам да ги информирам советниците, а преку медиумите и граѓаните дека наредните денови ќе именувам заменик градоначалник согласно законот. Досега функцијата заменик градоначалник ја вршеше сегашната или идната пратеничка доктор Катерина Кузмановска. – рече тогаш Заев.

Заев пред само 4 дена информираше дека согласно законот вршителот на должноста градоначалник треба да биде поставен од редот на советниците и затоа на оваа позиција го именува Костадин Костадинов, актуелен советник и претседател на локалниот клуб на млади на СДСМ во Стрмица кој исто така беше и кандидат за пратеник на листата на СДСМ на последните предвремени парламентарни избори .