дома Политика Заев по дeбaтaтa на МТВ бeгa од понатамошно coочувaњe со Мицкоски

Заев по дeбaтaтa на МТВ бeгa од понатамошно coочувaњe со Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев очигледно по бледите настапи на двете одржани дебати со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бега од понатамошни ТВ соочувања.

Заев на вчерашната дебата на јавниот сервис најави дека истата е последен телевизиски дуел кој ќе го има со Мицкоски.

Дознаваме дека партиите добиле покани за дебата од телевизиите Сител, Телма и ТВ 21, но поканите за дебари испратени до Заев преку писмо биле одбиени во текот на вчерашниот ден.