дома Политика Само референдум со повисок резултат од тој во 1991 година, може да...

Само референдум со повисок резултат од тој во 1991 година, може да биде лeгитимeн

Потсетување за рекетирањето на правдата, овојпат за нелегитимниот референдум. Само референдум со повисок резултат од тој во 1991 год., може да биде легитимен, вели во својата Фејсбук објава носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Гордана Силјановска Давкова.

-Ние имавме важечки референдум од 8-ми септември, со највисок резултат во југословенски рамки на кој што граѓаните се изјаснија за самостојна и независна Република Македонија. Само референдум со повисок резултат може да го поништи резултатот од тој референдум, децидна беше Силјановска во неодамнешната дебата на ТВ24.