дома Актуелно ЗАПОЧНА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА:Политичките лидери дојдоа во Клубот на пратениците

ЗАПОЧНА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА:Политичките лидери дојдоа во Клубот на пратениците

Политичките лидери дојдоа во Клубот на пратениците каде предмалку започна лидерската средба која ја закажа премиерот Зоран Заев. Со лидерите на партиите пристигнаа и еден или повеќе од еден пратеник во Собранието.
Се очекува на средбата да стане збор за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи наесен.

Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија, наведоа во соопштението од Владата.

Поканети на средба се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на двете крила на Беса Билал Касами и Африм Гаши, на ДОМ Лилјана Поповска, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на ЛДП Горан Милевски, на НСДП Тито Петковски и на СПМ Љубисав Иванов – Ѕинго.