дома Хроника Кој и зошто ја сокри смртта на родилката Елизабета од Гевгелија?

Кој и зошто ја сокри смртта на родилката Елизабета од Гевгелија?

Гевгеличанката Елизабета Савиќ Динева (31) починала на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) откако во критична состојба била донесена од Клиниката за неврологија, а блиски пријатели на пациентката обвинуваат за грешка на здравствениот систем.

– Пациентката кај нас беше донесена во крајно критична состојба, без дишење. Еден час лекарите на КАРИЛ се бореа за нејизниот живот и дадоа се од себе – изјави за „Република“ д-р Маја Мојсова, раководилтел на КАРИЛ.

Во разговорот д-р Мојсова објасни дека доктор од КАРИЛ бил повикан на консулатации додека пациентката престојувала на Клиниката за неврологија.

– Пациентакта била свесна, разговарала со лекарот. Немала епи-напади (епилетични нападаи, з.а.). Напротив, јадела во креветот додека докторот од КАРИЛ бил да ја прегледа – изјави д-р Мојсова.

На прашањето за наводната лекарска грешка за која говорат блиските во семејството, д-р Мојсова вели дека семејството има право да поведе поставка во која ќе се утврди дали станува збор за грешка на лекарите.

– Родилката од болницата во Гевгелија била препратена на Клиниката за неврологија. Таму е лекувана според протоколите – вели д-р Мојсова.

Савиќ-Динева се породила на 29 јуни  во Гевгелија, со царски рез и на свет донела здраво бебе. По три дена таа била пуштена дома заедно со бебето.  Состојбата и се влошила додека била дома, добила грчеви, и оттаму заминала во болницата во Гевгелија. Веднаш била препратена на Клиниката за неврологија во Скопје каде што била третирана по сите протоколи.

Неофицијално, причина за смртта е тромб или анеуризма. Како што дознаваме, наводно имала и епилептичен напад. Неофицијално, таков напад првпат имала на 11 години.

Ова не е е првпат болницата во Гевгелија да се најде во центарот на случувањата кога станува збор за родилките во овој град. Јавноста уште се сеќава на случајот со родилката Маја Кадиева.