дома Балкан Захариева тврди: Не Бугарија, туку други земји се пpoтив членството на Мaкедонија...

Захариева тврди: Не Бугарија, туку други земји се пpoтив членството на Мaкедонија во ЕУ

„Бугарија, повеќе од другите земји во ЕУ и прекуокеанските земји, сака Македонија да стане членка на Европската унија, но нашата поддршка не е безусловна“, рече министерот за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за „БТВ“, по повод блокираното членство на Скопје.

„Не инсистираат сите во ЕУ да ја видат Македонија како членка на Унијата“, рече Захариева.

Таа повтори дека Бугарија инсистира Македонија да го спроведе Договорот за соседство.

„Да се разбереме за историјата, да се изградат патишта, да нема говор на омраза. Два бугарски универзитета со години чекаа одобрување за отворање филијала, бугарските медиуми чекаат одобрување за емитување во Северна Македонија“, рече министерката за надворешни работи.