дома Македонија Милошоски му врати на Џaмбаски, Ниту сум имал, ниту некогаш ќе имам...

Милошоски му врати на Џaмбаски, Ниту сум имал, ниту некогаш ќе имам друго државјанство освен македонското

Никогаш не сум имал друго државјанство освен македонското, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, откако Ангел Џамбаски од бугарското ВМРО повика, како што рече, да му се одземе бугарското државјанство на поранешниот македонски министер за надворешни работи.

-Освен македонското државјанство никогаш сум немал ниту пак имам намера да имам било какво државјанство бидејќи македонското државјанство е мојата лојалност и мојата политичка определба – рече Милошоски на ТВ 21.

Според него, секој политичар во земјава треба јавно да обзнани дали има или нема двојно државјанство.