Портпаролката на Руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која е во посета на Белград на прашањето за ставот на Русија околу разграничување на Србија и Косово одговори со контрапрашање.
Захарова истакна дека Русија со почит ќе го прифати решението што ќе биде одлука на Србија.
Таа додаде дека конзистентноста е основна карактеристика на руската надворешна политика и дека тоа е добро позната во Белград, пранесе Б92.
Деновиве косовскиот претседател Хашим Тачи, во неколку наврати изјави дека бара „корекција“ на границата и дека не е за размена на територии меѓу Србија и Косово.
Вчера, српскиотпретседател Александар Вучиќ рече дека поддржува разграничување со Косово, став што го поддржа и српскиот МНР, Ивица Дачиќ.