дома Балкан РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ ПОМЕЃУ АТИНА И МОСКВА: Грција го повлече својот амбасадор во...

РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ ПОМЕЃУ АТИНА И МОСКВА: Грција го повлече својот амбасадор во Москва!

Високи тензии помеѓу Атина и Москва, откако Грција избрка двајца Руски дипломати, а Руската страна возврати со забрана за влез на неколку високи владини претставници на грчката влада, поради како што се вели, национални и безбедносни причини


Денес Грција го отповика својот амбасадор во Русија, Андреас Фриганис, откриваат регионалните медиуми.

„Одлуката е направена. Направена е лично од Грчкиот министер за надорешни работи Никос Коѕијас“, откриваат медиумите.

Според истите, во наредните денови, Фриганис ќе се врати во Атина и друг амбасадор ќе биде испратен во Москва, но се уште не е јасно до крај какви ќе бидат следните чекори.