дома Македонија За прв пат во историјата: Пaд на бројот на белци во Америка

За прв пат во историјата: Пaд на бројот на белци во Америка

Бројот на белци во Соединетите држави падна за прв пат во историјата на земјата, додека урбаните области се одговорни за растот на речиси целокупното население на земјата, покажуваат податоците објавени од Американското биро за попис.

Вкупно, бројот на белците е намален за 8,6 проценти од 2010 година, соопшти Бирото, како што пренесе „Гардијан“.

Белците, кои не се од латино потекло, сега сочинуваат околу 58 проценти од населението во САД, што е пад од 2010 година, кога сочинуваа 63,7 проценти.

Ова е првпат бројот на белата популација, без луѓе од латино потекло, да падне под 60 проценти од почетокот на пописите.

Во исто време, забележано е значително зголемување кај латино населението, кое се зголеми за 23 проценти, додека бројот на жители од азиско потекло надмина 35 проценти.

Бројот на Афроамериканците исто така се зголеми за 5,6 проценти. „Американското население станува повеќерасно и етнички разновидно од било кога“, рече Николас Џонсон, претставник на Бирото за попис.

Американското население се зголеми за 7,4 проценти во изминатите десет години, но тоа е најбавниот раст во историјата на САД.

За споредба, бројот на Американците се зголеми за 9,7 проценти помеѓу 2000 и 2010 година.