дома Македонија Македонија имa нoв зaмeник-aмбacaдop нa САД, Заев дeнecкa зa пpвпaт гo зaпoзнaвa

Македонија имa нoв зaмeник-aмбacaдop нa САД, Заев дeнecкa зa пpвпaт гo зaпoзнaвa

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со американската амбасадорка Кејт Брнз, која му го претстави новиот заменик-амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија Ерик Мејер.

Заменик-амбасадорот на САД изрази задоволство од доаѓањето во земјата позитивно оценувајќи ги условите за зголемена економска соработка и обезбедување економски просперитет на сите граѓани во земјата.

Премиерот Заев посакувајќи му добредојде на новиот заменик-амбасадор на САД и поздравувајќи ја амбасадорката Брнз, истакна дека Владата успешно ја остварува реформската и економската агенда, следејќи ги политиките на отворен дијалог со земјите од регионот.

„Нашата посветеност за демократизација на земјата, почитувањето на правото и искоренување на корупцијата е силна и со огромен ангажман. Условите за инвестирање стануваат се поповолни и се забележува зголемување на динамиката на домашни и странски инвестиции. Нашата основна определба, следејќи ја владината програма е да обезбедиме економски просперитет на нашите граѓани, поттикнување на економскиот раст и давање сериозни причини на младите да не ја напуштат татковината”, рече премиерот Заев подвлекувајќи дека поддршката од САД е огромна во насока на реализирање на реформите во областа на владеење на правото, обезбедување одржлив раст, поттикнување на конкурентноста, зајакнување на човечките ресурси и дигитализација на економијата.

На средбата беа поздравени одржливите политики и иницијативи на отворен дијалог со соседите, поттикнување на економската соработка и продолжување на патот за остварување на евроинтеграцијата на Република Македонија.