дома Европа За прв пат во историјата: Украина го отпoвиka својот амбасадор во Белорусија

За прв пат во историјата: Украина го отпoвиka својот амбасадор во Белорусија

Министерството за надворешни работи на Украина го отповика својот амбасадор Игор Кизим од Минск да одржи консултации за изгледите за понатамошни односи со Белорусија, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба.

„Донесов одлука да го поканам амбасадорот на Украина во Белорусија Игор Кизим за консултации во Киев со цел да ги проценам изгледите на белоруско-украинските односи во новата реалност, тековниот развој на соодветни одлуки земајќи ги во предвид голем број фактори“. „За прв пат во историјата, ние прибегнуваме кон таков чекор во односите со Белорусија, а тоа го правиме исклучиво заради неприфатливите дејствија на Минск“, изјави Кулеба, беше објавен на веб-страницата на украинското Министерство.

Да ве потсетиме, протестите во Белорусија не стивнуваат веќе седум дена. Тие започнаа веднаш по објавувањето на резултатите од претседателските избори, кои ги освои Александар Лукашенко со повеќе од 80 проценти од гласовите.