дома Балкан Руската вакцина во Република Српска до крајот на годината

Руската вакцина во Република Српска до крајот на годината

Се проценува дека Република Српска би можела да добие руски вакцини пpoтив коpoнавирусот на крајот на оваа година, изјави шефот на претставништвото на Српска во Москва, Душко Перовиќ, за Срна.

Осврнувајќи се на добрите односи меѓу Српска и Русија, Перовиќ изјави дека верува оти Српска сигурно ќе биде меѓу првите во таа смисла откако официјално „застана во во ред за чекање за вакцината“ и се регистрираше како потенцијален купувач.

Тој рече дека е направено барање во таа смисла во име на Претставништвото и дека премиерот Радован Вишковиќ напишал писмо во име на Српска, кое ќе помине низ руската амбасада во БиХ, во кое се наведува интересот за купување вакцина пpотив коpонавирусот.

Перовиќ рече дека за сè е информиран и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, пренесува Танјуг.