дома Македонија ЗИНИ ЗЕМЈО ГОЛТНИ МЕ: Зошто Рада не го сакала Васко во Америка?

ЗИНИ ЗЕМЈО ГОЛТНИ МЕ: Зошто Рада не го сакала Васко во Америка?

Читам обвиненија: Зошто амбасадорот во Вашингтон, Васко Наумовски не се сретнал со министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, за време на нејзината официјална посета на Пентагон?

Одговорот е: Радмила Шеќеринска не сакала тој да биде со неа, за да не слуша што таа “продава” и зборува за Македонија.

Логички и едноставно. Впрочем, сите носители на јавни функции кои се против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, а важни се во фазата на договорот за велепредавство меѓу Заев и Ципрас, се дискредитираат, суспендираат и елиминираат.

На амбасадорот Васко Наумовски ништо не му фали, тој си кажа што мисли за барањата на Атина за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, и веднаш беше “суспендиран”…

Зини земјо голтни ги…

 

Пишува
Тодор Петров